|
|
Фирмата Идрис – Компани е приватна компанија која постои од 1992 година.
Во 9 продажните објекти на Идрис – Компани ќе најдете се што ви е потребно за комплетно да го опремите Вашиот дом. Идрис - Компани во своите продажни објекти Ви нуди мебел, апарати за домаќинство, дигитална електроника (аудио&тв опрема, опрема за сателитска телевизија), комплетна опрема за Вашата бања и кујна, опрема за водовод и одвод, алати за поправки во Вашиот дом и друга ситна железарија.
Во нашите салони ќе најдете мебел од голем број на познати италијански и српски производители на мебел со докажан квалитет.
Располагаме со апарати за домаќинството од повеќе докажани светски брендови: Gorenje, Quadro, Vestel, Bosch, Liv и други.
Во салоните на Идрис - Компани ќе најдете и голем избор на дигитална електроника: тв и аудио опрема и опрема за сателитска телевизија од голем број на познати светски брендови: Sony, Quadro, Vestel, Grundig, и други.
50 Вработени на Идрис Компани во сите продажни објекти ќе Ви помогнат да го направите вистинскиот избор на опрема за Вашиот дом а во исто време нашиот високо квалифициран кадар со нашиот возен парк ќе ја транспортира и ќе ви ја инсталира сета набавена опрема во Вашиот дом, а Вас едноставно Ви останува да уживате во докажаниот квалитет кој ви го нудиме.
Основен приоритет на Идрис - Компани сте Вие нашиот Задоволен клиент и во нашите продажни салони се обидуваме да одговориме на сите потреби на нашите клиенти со богат асортиман на производи, со гарантиран квалитет, пристапни цени, обезбеден сервис и следење на сите светски трендови во развојот на опремата која ја нудиме.
|